Бонева: Кога го формираа СЈО не кажаа дека ќе има медиумско политички циркус

by fokus

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на распитот во Специјалното јавно обвинителство не одговори дали била повикана како осомничена или сведок. Таа рече дека од целата ситуација се прави медиумско политички циркус.

-Кога го гласаа законот за Специјалното јавно обвинителство во Собранието, во ниедна одредба не стоеше дека пред истражната постапка која треба да биде тајна, ќе биде медиумско политички циркус. Сите вие сте сведоци на тој политичко – медиумски циркус. И јас сум убедена дека оние кои што ве повикале овде, ќе ви дадат изјава зошто сум повикана, за кој предмет и што се разговарало, рече Бонева.

Во овие моменти трае распитот на претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски.

Поврзани новости