Бонева и Срцев заминуваат од ДИК

by fokus

Паднаа последните оставки во Државната изборна комисија. Денеска попладне оставки поднеле и членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев.

Претходно дента оставки до Собранието доставија, Субхи Јакупи предложен од ДУИ, потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, и членот од редовите на експертите, Атанас Урумов.

Во ДИК останува членот на БЕСА, Ермира Асани Салија, која изјави дека нема да поднесува оставка, туку ќе ги замрзне средствата од бонусот. Асани Салија стана член на ДИК непосредно пред последните локални избори.

Поврзани новости