459
Петмина досегашни членови на Државата изборна комисија побарале апанажа откако си поднесоа оставки. Меѓу нив се претседателот на Комисијата, Александар Чичаковски, Виолета Дума и Игор Милев кои беа членови од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ, како и Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.
Тоа значи дека уште една година ќе добиваат државни плати од над илјада евра. Барањата ги поднеле до собраниската Комисија за избори и именувања, која не може да одлучи по нив затоа што е блокирана поради бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ.