Бомбардирано училиште во Мариупол: Луѓе се под урнатините

by fokus

Училиште што служело како заштита за околу 400 луѓе во украинскиот пристанишен град Мариупол е погодено од бомба, објавија градските власти на Телеграм.

Зградата се користеше како засолниште за жени, деца и стари лица се додека не беше погодена вчера. Градските власти ги обвинија руските сили дека го извршиле нападот.

-Луѓе се уште се под урнатините, се вели во соопштението. Се уште нема податоци за загинати или повредени.

Русија пак соопшти денеска дека повторно ги истрелала своите најнови хиперсонични ракети во Украина, уништувајќи складиште за гориво на југот на земјата.

-Авијациските ракетни системи Кинжал со хиперсонични балистички ракети уништија големо складиште за горива и мазива на украинските вооружени сили во близина на населбата Костјантинивка во регионот на Николаев, соопшти руското Министерство за одбрана.

Поврзани новости