Бомба во “Траекторија”: Миле да го вклучиме и Ѕинго во кинеските патишта!

by fokus

Неколку бомби денеска одекнаа во Кривичниот суд на судењето за случајот Траекторија, односно за изградбата на патиштата Миладиновци- Штип и Кичево -Охрид.

Од една од бомбите се слушна дека по телефон се договарало кои од македонските бизнисмени да лапнат дел од колачот, бидејќи покрај изведувачите од Кина, при изградбата на патиштата беа вклучени и македонски компании.

-Миле со Ѕинго сум. Да го вклучиме во кинеските патишта кога ќе дојде време, му вели тогашниот премиер Никола Груевски на министерот Миле Јанакиески.

На денешното рочиште ќе се презентираат и смс пораки меѓу поранешните владини функционери, кои се обвинети за изградбата на автопатиштата. Во овој случај покрај Груевски и Јанакиески обвинети се и Владимир Пешевски и Љупчо Георгиевски.

 

Поврзани новости