„Бомба“ од Италија: Венгер седнува на клупата на Милан!

by fokus

Италијанскиот гигант Милан игра променливо оваа сезона, иако се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А.

Стратегот Гатузо е под огромен притисок, а на негово место би можел да дојде легендарнот француски стручњак, Арсен Венгер.

Имено, тој водел долги преговори со раководството на клубот од Милано и се очекува да седне на столчето на „росонерите“ на почетокот на јануари.

Тој се поврзуваше со ангажман во неколку европски гиганти, но се чини дека опцијата во Милан за него е најреална. Венгер помина 22 години на клупата на Арсенал, и многу е веројатно од почетокот на новата година да го видиме на клупата на калчолигашот.

Поврзани новости