Бомба-кашикара експлодира на тераса од куќа во Куманово

by fokus

Дваесет и шестгодишниот М.Ц. од Куманово рано изутрината во полиција пријавил дека додека спиел слушнал детонација на терасата од првиот кат од сејмената куќа, при што било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот.

МВР информира дека нема повредени лица. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Од местото биле подигнати фрагменти од бомба-кашикара за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости