Болните од дијабетес најавија кампување пред Министерство ако нема квалитетен инсулин

by fokus 15:57
15:57

Десетина здруженија на дијабетичари денеска одржаа прес конференција на која побараа да престанат притисоците врз лекарите да препишуваат неквалитетен инсулин со цел да се заштеди и да се набават доволно игли и глукомери.

-Доколку овие барања не се исполнат ние сме спремни да кампуваме пред Министерството за здравство, рече Цвете Серафимовски, претседател на Баланс МК, асоцијација за детски дијабетес во Македонија.

Од здруженијата обвинија дека последниве две години државата штеди на инсулинот кој им е потребен за да преживеат, а количините на инсулин се празнат веќе во првата недела од месецот.

Поврзани новости