Болничар ограбил почината пациентка по што пробал златото да и го продаде на нејзината внука

by fokus

Против 46-годишен болничар од охридското село Коњско е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „злоупотреба на службена положба и овластување”. С.С. се сомничи дека на петти септември ограбил пациентка која починала на интерното одделение во охридската болница.

Пациентката била на возраст од 81 година. Според СВР Охрид и биле одземени пар златни обетки и златен прстен.

Да биде случајот уште побизарен следниот ден болничар се обидел украденото злато да го продаде во локална златара. Околу 14.30 часот ги понудил на продажба и обетките и прстенот на вработена која била внука на пациентката и која ги препознала.

Поврзани новости