Болест на судијката го одложи рочиштето за „Дива населба“

by Фокус 10:48
10:48

Судењето за случајот „Дива населба“ е одложено поради болест на судијката Верка Петковска, па ново рочиште е закажано за 31 мај.

Судењето за овој случај требаше да се одржи во големата сала на Врховниот суд, поради големиот број обвинети и адвокати, како и големиот интерес на јавноста.

- Advertising -

Иако претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделковска соопшти дeка не може да се користи оваа сала бидејќи била наменета за свечености, сепак салата е дадена на користење на Кривичниот суд, со одлука на Владата потпишана од вицепремирот, Зоран Ставревски.

Поврзани новости