Боки 13 во понеделник на распит кај Русковска

by fokus 14:10
14:10

Бојан Јовановски во понеделник ќе биде спроведен од истражниот затвор „Скопје“ до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет“, а третоосомничената Катица Јанева е предвидено во вторник да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска.

- Advertisements -

Второосомничениот Зоран Милевски Кичеец даваше исказ,  а како што дознава „Фокус“ се бранел со молчење пред обвинителката Русковска.

В.В.

Поврзани новости