Боки 13: Шарената Револуција е порака за заминување на едноумието

by fokus 09:16
09:16

Водителот и шоумен Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, и ја дава својата поддршка на Шарената револуција.

“Како слободоумен граѓанин кој што се бори за човекови права во сите сегменти од животот, сметам дека доаѓа време кога шарените бои треба да ја обојат нашата земја! Едноумието и еднобоието треба да заминат!” – изјави тој за “Фокус”.

Познат како личност без влакна на јазикот, тој е еден од најжестоките критичари на власта, а освен што ги критикува постапките на политичарите, неретко го коментира и нивниот стајлинг. Неодамна се најде во центарот на вниманието со својот статус на социјалните мрежи посветен на Миленко Неделковски, порачувајќи му дека тој е поголема опозиција и од самата опозиција, а пред две недели јавно и порача на професорката Каракамишева дека локните, карминот и палтото во јака боја воопшто не се соодветни за појавување на вести за еден универзитетски професор, туку повеќе прилегаат за вртење оро на свадба.

Поврзани новости