Бојковски: Советничка од Гази Баба била уценувана да гласа за СДС

by Fokus

Вршен е непосреден и дрзок притисок на советници, имајќи го предвид тесното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да го поддржат СДС за да може да формираат мнозинство во Советот спротивно на изразената волја на граѓаните дадена на избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено, додека траеше конститутивната седница посетен е домот на советник на ВМРО-ДПМНЕ од непознати лица при што на родителите им била испратена директна закана, цитирам: ‘Ако гласа за СДС да го добие Советот ќе добие убаво работно место и ќе биде богато награден. Во спротивно, ако не гласа за СДС крв ќе падне и молотови коктели’. Фрапантно, до таму стигнаа, наместо проекти и дела, СДС сака да владее со молотови коктели и страв – рече Тони Бојковски.

Тој рече дека случајот е пријавен во полиција и ги повика институциите да го расветлат во најбрз можен рок.

Поврзани новости