Боја и за УЈП, демонстрантите бараат транспарентност при трошењето на народните пари

by Фокус

Откако се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, шарените револуционери дојдоа пред Управата за јавни приходи. Тие бараат транспарентност при јавните набавки, односно при трошењето на народните пари.

Пред УЈП прво се пуштаа „бомбите“ во кои самите министри од Владата зборуваат за тоа како нерационално се трошат парите од Буџетот. Најголемо исвиркување имаше во моментот кога вицепремиерот Зоран Ставрески на Гордана Јанулоска и вели: Ние трошиме за чоколадо, а немаме за леб. Па ние сме лудаци.

Потоа и зградата на оваа институција беше обоена во боите на Шарената револуција, односно демонстрантите кон неа фрлаа со препознатливите балони со боја.

ujppppppp ujppppp ujp ujpp

Поврзани новости