Богојески: Зошто господин Мицкоски толку се вознемири и користи вокабулар и методи на Груевски?

by fokus

Активистот од ВМРО-ДПМНЕ и промотoр на платформата „Македонски концепт“, Петар Богојески одговори на вчерашните обвинувања од Христијан Мицкоски дека во ВМРО-ДПМНЕ има одредени „политички егзибиционисти и маргиналци кои одлучија да му слугуваат на Зоран Заев“.

Богојески вели дека не му доликува на Мицкоски да користи вулгарен вокабулар, ист како оној на Груевски.

-Македонскиот концепт е обединувачки по својата природа, а не конфликтен. Ние сме позитивни, оптимисти, не сме против некој или нешто, туку сме за нашата визија за Македонија! Не знам од кои причини господин Мицковски толку многу се вознемири и користи толку вулгарен вокабулар, кој не доликува на академски граѓанин. Тоа е истиот вокабулар и истите методи како на господин Груевски. “Господине Мицковски, зошто се оптеретувате со статистичка грешка? Или знаете дека таа статистика покажува нешто друго? Нешто кое и двајцата го знаеме?”, прашува Богојески.

К.С.

Поврзани новости