Богојески: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ функционираат како сестри близначки, а мајка им е мафијата

by fokus

Најголем доказ дека господин Мицкоски функционира како подизведувач на господин Заев, е фактот што нема ниту една издржана критика кон него, реагира Петар Богојески од Македонски концепт на вечерашното интервју на Христијан Мицкоски на телевизија Канал 5.

-Не само што не го критикуваше за ставот за поддршка на монополот и екстра профити на банките на грбот на граѓаните, туку и дополнително им служи на банките. Имено, Мицкоски предлага благајничките записи/ хартиите од НБРМ за повлекување вишок, со 1,75% камата, да се заменат со државни обврзници/ хартии од МФ за финансирање буџетски потреби со 3 % камата, со што на банките им се олеснува и им се дава лесна и сигурна заработувачка, а не тие пари да се остават и пласираат онаму каде што се најпотребни, дека тие пари им требаат на стопанството, под исти или подобри услови. Мицкоски е загрижен за профитот на своите газди, а не на стопанството! Сето ова говори само за едно, двете партии функционираат како сестри близначки и се управувани од една мајка – мафијата! Мицкоски е само подизведувач на Заев, ништо повеќе! За жал во Македонија нема вистинска неконтролирана опозиција. Затоа е потребен граѓански одговор на ова неприфатливо и крајно злобно поведение, смета Богојески.

Поврзани новости