Богојески: Последните акции на Груевски потсетуваат на времето на Слободан Милошевиќ

by Fokus

Последните акции на Груевски потсетуваат на времето на Слободан Милошевиќ. Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија отвора големи перспективи, вели во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС Петар Богојески од Иницијативата за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Богојески, мора јасно да се разграничи разликата меѓу ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

–  Не треба да бидеме заложници на неодговорни политики кои ни ги претставуваат личните интереси како национални. Многу важен факт за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е тоа што без Никола Груевски би постигнале многу подобар резултат. За жал, сепак, наспроти нашите предупредувања, инаетот на Груевски беше поважен од нашиот партиски интерес и влеговме во кампања под негово раководство. Поради таа причина неизвесна е нашата победа во многу општини – истакна Богојески.

Поврзани новости