Богојески: Кој е Заев за да им налага на граѓаните што ќе коментираат за Бугарија?

by Фокус

Креирање на лажна историја по желба на Бугарија, не е решение на овој проблем, туку негово продлабочување, што ќе ја уништи перспективата на идните генерации, реагира Македонски концепт на Петар Богојески, по денешното интервју на премиерот Зоран Заев на БГНЕС.

„Премиерот Заев промовира цензура на слободата на говор во земјава, и тоа по желба на Бугарија, што е скандал од меѓународни размери. Притоа со ниту еден збор не укажа на говорот на омраза против нас Македонците и Македонија кој доаѓа од Бугарија и тоа од министри на бугарската влада. Кој е тој Зоран Заев да им налага на македонските граѓани, новинари или политичари, што и како ќе коментираат по темата Бугарија и тоа по желба на самата таа Бугарија?“, прашуваат од Македонски концепт.

Од таму додаваат дека Заев посочил дека недозволиво да се бранат македонските позиции.

„Па да го прашаме Заев, дали треба да ги браниме бугарските позиции, дали сите така потчинето да се однесуваме како него, да веруваме на лажното пријателство со Бугарија како него, да мотивираме лажна надеж како него, да бегаме од вистинско и суштинско решение како него… па со тоа да бидеме патриоти по негов вкус?“, велат од Македонски концепт.

Клучно прашање до премиерот Заев, велат од таму, гласи: “Како си дозволивте да потпишете Преспански договор, без да обезбедите гаранции за интеграција на Македонија во ЕУ?“

Поврзани новости