Богојески: Груевски со малкумината подржувачи кои му останаа може да си формира своја партија

by Fokus

Петар Богојески од Иницијативата за реформи на денешната прес-конференција испрати неколку барања до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од кој побара конгрес за нов лидер на партијата.

– Бараме конгресот да го органзира Управувачки Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Повикуваме на итна средба со Груевски со цел да го утврдиме рокот и начинот на дејствување на управувачкиот комитет. Повикуваме на смиреност, разум и обединување. Да се отворат општинските и месни комитети за средби со граѓаните – истакна Богојески.

Тој побара од Груевски да прекинат со сите закани за исклучување од партијата.

– На нас останува за каков пат ќе се одлучиме, иднина или минато. Во таа насока ве повикуваме да прекинат сите закани за исклучување од партијата, на сите оние кои размислуваат демократски. За последиците кои ќе настанат, вие ќе ја сносите вината. Имаме разбирање за вашата состојба, но нема да ви дозволиме да ја докрајчите партијата. Доколку продолжи со истиот начин, Груевски со малкумината подржувачи кои ги има може да си формира своја партија, а ние понатаму продолжуваме со обединувачка порака – додаде Богојески.

Поврзани новости