Богоевски: Време е за сериозна работа и да ги научиме лекциите од првиот круг

by fokus 10:31
10:31

Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, по вчерашните избори вели дека е време за сериозна работа пред вториот круг, но и време да се научат лекциите од првиот круг.

-Резултатите покажаа дека Стево Пендаровски е кандидатот кој ужива најголема поддршка од граѓаните. Сепак разликата е помала од посакуваната, а пораката која ја испраќаат нашите гласачи е јасна и гласна.

- Advertisements -

Време е за сериозна работа пред вториот круг, но и уште посериозно размислување за лекциите кои треба да ги научиме од денешниот ден.

Честитки за Стево. Тој е одличен кандидат, а ќе биде уште подобар Претседател. Продолжуваме, напиша Богоевски на фејсбук.

Поврзани новости