Богоевски во моментот е на распит за „Маѓар телеком“

by Фокус

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски утринава се појави во Jавното обвинителство на сослушување како сведок за милионската афера „Маѓар телеком“, за која е во тек и постапка во Њујорк.

Богоевски беше повикан на сослушување, откако во саботата се врати од неколкудневниот одмор на доиздржување на казната затвор во кумановскиот затвор. Богоевски во моментов ја отслужува двегодишната казна затвор за случајот „Агент”, односно за продажба на државно земјиште – плац со површина од 19.000 метри, во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Засега не се обелоденува кој се ќе се најде на листата на сведоци во предистражната постапка која обвинителството ја отвори неодамна по „допрен глас од јавноста“.

Поврзани новости