Без одговорност на највисоките функционери, делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за настаните од 27 април минатата година во македонското Собрание нема смисла, оцени денеска Слободан Богоевски, почесен претедател на Комитетот за заштата на правата.
– За да постои делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ секогаш мора да има политички цели. Ако не седнат на обвинителна клупа претседателот Ѓорге Иванов, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски тогаш ова дело нема да има смисла и битие. Неспорно е дека обвинетите лица го повредиле законот и го сториле делото, но ако останеме без одговор кој го организирал и нарачал упаѓањето во Парлементот тогаш ќе се обесмисли постапката, изјави Богоевски во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Конференцијата „Реформа во безбедносниот сектор, владеење на право и механизми за пристап до правда“.
Кривичниот суд денеска соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен поднесен за насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието.