Богоевски и Ахмети в понеделник на суд

by fokus 19:47
19:47

Поранешниот разузнавач Слободан Богоески најави дека в понеделник ќе има рочиште во Граѓанскиот суд, откако Али Ахмети и Муса Џафери му најавија тужби за граѓанска одговорност, за неговиот исказ во Њујоршкиот суд, според кој актуелни и поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито за случајот „Маѓар Телеком”.

Од Граѓанскиот суд за 24 Вести потврдуваат дека ќе има рочиште во понеделник во 10 часот.

- Advertisements -

За исказот, поради кој Ахмети и Џафери го тужат за клевета, Богоевски вели дека го дал во судска постапка за претставниците на американската Комисија за хартии од вредност и Њујоршкиот Суд.  Тој вчера рече дека имал налог за заштита и обврска за молчење, се додека не заврши постапката за случајот „Маѓар Телеком“.

Инаку, Американската Комисија за хартии од вредност тврди дека извршни директори на Маѓар Телеком, со лажирани договори поткупувале македонски функионери од 2005 и 2006. Според сведочењето на Богоевски, Али Ахмети и Муса Џафери примиле мито по 2,5 милиони евра.

Поврзани новости