Богоев за „Фокус“: На почеткот на кампањата не очекував волку голема разлика во гласови

by fokus

Новиот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев, во изјава за „Фокус“ вели дека на почетокот на кампањата не очекувал дека ќе победи со волку голема разлика во гласови во однос на неговиот противкандидат, Стевче Јакимовски. Сепак, како течела кампањата, станувало јасно дека победата ќе биде доминатна.

-Искрено, на почетокот можеби не очекував победа со волку голема разлика во гласовите, но во текот на кампањата почна да се чувствува енергијата за промени на терен. Во меѓувреме и анкетите до докажаа истото, па последните денови веќе и очекував голема разлика, изјави Богоев.

Тој додава дека големиот број на гласови носи и голема одговорност и сега таа треба да се оправда.

-Сега таа доверба, што мислам дека е најмногу што некој кандидат некогаш во Карпош освоил, ми дава усте толку ветер во грб, но и носи голема одговорност. Сега сето тоа треба да се оправда, рече Богоев.

Тој победи во првиот круг освојувајќи 21.278 гласови, додека Стевчо Јакимовски освои 13.607.

 

Поврзани новости