Богоев: Младите во Центар го нокаутираа Груевски, следува финален нокаут низ цела Македонија!

by fokus

Еден дел од моето детсво го поминав тука, на љуљашките во Капиштец. Чест ми е што во ваше име, во име на младите, токму од ова место можеме да им порачаме на Груевски и на фамилијата дека е готово, рече Стефан Богоев, лидер на младите социјалдемократи.

„Токму младите беа тие кои изминативе години беа најпогодени од политиките на Груевски. Младите се иселуваат. Вашите ќерки и синови не може да најдат работа. Ние, младите имаме План како да останеме тука. Ние младите, сакаме нашата држава да ни гарантира вработување, образование, пракса. Нашата држава, Република Македонија да ни гарантира пари за сопствен бизнис, сами да бидеме свои газди – за да можеме да останеме во Македонија.

За да го реализираме сево ова, потребна ни е убедлива победа на 11-ти декември. Младите во Центар го нокаутираа Груевски, следува финален нокаут низ цела Македонија!”, рече Богоев.

Поврзани новости