Богоев: Денеска до Собранието ќе доставиме предлог за укинување на екстерното тестирање

by Fokus

Екстерното тестирање е штетен проект и затоа денеска до Собранието ќе го доставиме предлогот за измени во Законот за образование, истакна пратеникот од СДСМ, Стефан Богоев.

– Ветивме дека помеѓу првите наши промени ќе биде укинувањето на штетниот проект наречен екстерно тестирање. Сакаме да ги заштитиме родителите и професорите од овој таканаречен проект кој покажа негативни резултати – рече Богоев.

Тој рече дека ќе ги мотивираат учениците и училиштата не преку казни, туку преку награди да се вложуваат повеќе и да покажуваат подобри резултати.

Поврзани новости