Богдановиќ за венчавката: Ги почитувавме сите протоколи!

by fokus

Откако министерот за здравство Венко Филипче ги критикуваше свадбите кои се одржаа овој викенд, одговор на тоа даде градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој со својата сакана, Јелена стапи во брак во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница, Косово.

-Ние само го правевеме свечениот чин во црква, кадешто максимално ги почитуваме сите протоколи, коишто ни беа кажани, од страна на црквата и луѓето коишто нормално ги прашувавме како се одвива целата организација. Имаме минимален број на гости, кум, старосват и минимален број на гости коишто ги познаваме – изјави Богдановиќ за Сител телевизија.

Поврзани новости