Богдановиќ за јапонските цреши: Претходно реагираа зошто не ги менуваме, сега реагираат зошто ги менуваме!

by fokus

Денеска јавноста бурно реагираше на сечењето на јапонските цреши кои го красеа центарот на Скопје.

Од општина Центар најавија засадување на нови цреши, затоа што досегашните биле стари.

„Јас навистина не разбирам. Претходно имаше реакции зошто не ги менуваме. Сега има реакции зошто ги менуваме. Да потенцирам дека се сечат стари дрва, затоа што истите се оштетени. Ова е добар момент да се обноват, а низ градот се уништени клупи, канти, бекатон плочки. Јас очекувам дека од почетокот на наредната година ќе започнеме со целосна реконструкција на истите“, порача Богдановиќ.

Ј.Ц.

Поврзани новости