Богдановиќ планира поскапување на паркингот за да се намали сообраќајот во Центар

by fokus

Зголемување на цената на паркинг картата за да стимулираат граѓаните да го користат јавниот градски превоз, како би се намалило загадувањето. За ова разговарале денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и вд директорот на ПОЦ, Вангел Андрески.

Од Општината напоменуваат дека оваа одлука нема да важи за жителите на Центар, кои и натаму ќе ги користат сите поволности, но и за и сите кои работат во централното градско подрачје.

„Податоците за загадување на воздухот кој има последици врз здравјето бара итно превземање на чекори за да се ублажи овој проблем. Во општината се разработува и скенира состојбата со зеленилото, кое беше драстично намалено за поставување на стиропорни згради и споменици од проектот „Скопје 2014“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Забрана за градење во овие месеци, вертикални зелени градини, Кула за прочистување на воздухот, се решенијата за подобрување на квалитетот на животот и заштита на животната средина.

Се договара и и ослободување на тротоарите од паркирани возила, а проектот кој ќе значи поголема безбедност ќе започне да се реализира на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало.

Поврзани новости