Богдановиќ контра Димитров: Честититки до Хандке за Нобеловата награда!

by Фокус

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ не се согласува со официјалната владина позиција да се бојкотира доделувањето на Нобеловата награда на шведскиот писател Петер Хандке, чие доделување го бојкотираа повеќе балкански држави поради неговата отворена поддршка за поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Како што објави министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер, македонскиот амбасадор во Шведска добил инструкции да не учествува на церемонијата за доделување на наградата на Хандке, бидејќи, како што рече, мора да се спротивставиме на негирањето на геноцидот.

Наспроти тоа, градоначалникот Богдановиќ, кој е доаѓа од редовите на најголемата партија во власта – СДСМ, на фејсбук упати честитки за доделувањето на наградата на Хандке, па дури во еден од коментарите упати навредливи зборови кон Димитров.

Ивица Чековиќ, новинар и преведувач кој подолго време живее во Шведска, смета дека одлуката на Македонија да се приклучи кон балканските земји не се однесува само на Хандке, туку и на Шведската академија.

„Димитров не му удри „шлаканица“ само на Хандке, туку и на Шведката академија на која со вакви напади индиректно и се оспорува компетенцијата да вреднува висок литературен квалитет. Неодамна 120 писатели и издавачи од германското јазично подрачје истапија во одбрана на масивната медиумска кампања против Хандке“, истакна тој.

Чековиќ посочува дека прозата на Хандке е исклучително тешка за читање и тешко проодна, со исклучителна концентрација и размислување.

Поврзани новости