Бочварски: Железничкиот сообраќај е целосно парализиран

by Фокус

Поради реконструкција на пругата Ниш-Прешево, нашата земја остана без редовните меѓународни линии, истакна Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

-Македонските возови немаат никаква алтернатива за излез од државата. Железничкиот сообраќај е целосно парализиран, а Македонски железници ќе се соочат со милионски загуби. Иако помпезно се најавуваше, за 10 години не се изгради ниту пругата кон Бугарија. Не се електрифицираше ниту пругата кон Косово, која во овој момент треба да биде алтернатива за излез на север. На југ не е изградена пругата кон Грција преку Битола. Беше ветено дека ќе се изгради до март 2016 година, но проектот доцни и до денеска е со реализација од само 30 отсто – изјави Бочварски.

Поврзани новости