Бочварски: Нема да се легализираат сите дивоградби

by Фокус

Новиот предлог закон за легализација на дивоградби не ги опфаќа сите бесправно изградени објекти, уверува министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

-Новиот закон не ги става во рамноправна позиција оние што бесправно граделе со оние коишто граделе согласно законот. Овие коишто бесправно граделе со овој закон се казнуваат со плаќање на дополнителни пенали, со 50 отсто повисоки комуналии од редовните, или 100 отсто ако се работи за објект поголем од 80 метри квадратни – рече Бочварски во 360 Степени.

Тој посочи дека не значи оти ќе биде легализиран објект ако некој градел бесправно во зона од Генерален урбанистички план за индивидуално домување.

Поврзани новости