Бочварски: Ги враќаме парите кај граѓаните

by Фокус

Владата предводена од СДСМ, покрај враќањето на евтината дневна тарифа на струјата, со којашто на граѓаните им се овозможуваат заштеди и пониски сметки за струја, покрај укинувањето на радиодифузната такса, ги намалува и катастарските трошоци до 50 отсто, изјави Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.

-Дополнително, од први септември ќе стартува укинувањето на двојното плаќање во случај кога некој одбиен предмет по пријава на странка треба по втор пат да се поднесува. Станува збор за 100 отсто олеснување на граѓаните, деловните луѓе и останатите корисници на катастарски услуги. Досега, во случај кога некој предмет по пријава на странка беше одбиен, заради постоење на било каква грешка, независно од било која страна, граѓаните беа принудени при повторното поднесување на предметот по втор пат да ги плаќаат веќе платените такси – рече Бочварски.

На тој начин, истакна тој, се враќаат парите кај граѓаните и се олеснува нивниот живот.

Поврзани новости