Блокирани сметките на половина фирми и на над 76.000 граѓани

by fokus

Управата за јавни приходи ги замрзна сметките на половина од активните компании и на десетици илјади граѓани. Вкупно 112.453 депоненти во банките се блокирани заклучно со јуни 2017 година. Од нив 76.432 се блокирани сметки на физички лица и 36.021 блокирана сметка се на правни лица, покажуваат податоците на Народната банка.

Податоците на НБМ покажуваат дека бројките на блокирани сметки се далеку повисоки, бидејќи кога станува збор за блокада се блокираат повеќе сметки на едно лице или фирма во повеќе банки. Така вкупната бројка на блокирани трансакциски заклучно со јуни изнесува 239.766. Од нив 188.530 се сметки на граѓани по повеќе банки, а 51.236 на компании.

Ако се земе предвид дека заклучно со 31 декември 2016 годна во државата имало вкупно 71.519 активни деловни субјекти, тоа значи дека во првата половина од годинава биле блокирани сметките на околу половина од вкупниот број активни фирми во Македонија.

Поврзани новости