Блокирани сметките на 76 илјади граѓани и на 36 илјади фирми

by Fokus 13:17
13:17

Народна банка по половина година го објави податокот за блокирани сметки на граѓаните и фирмите, пренесува порталот СДК.МК.  Вкупно 76.504 граѓани имале блокирани сметки на крајот на септември. Ним им биле блокирани 179.250 трансакциски сметки. Кај правните лица според податоците, од 120.300 депоненти, на 36.108 им се блокирани сметките.

Претходно во март, излегоа последните податоци за блокирани сметки. Тогаш 77.035 физички лица имале блокирани сметки и 43.498 фирми. Задоцнувањето на податоците Централната банка го образложи со методолошки промени кај платежната статистика.

- Advertisements -

Народна банка објаснува дека блокирани депоненти се физички или правни лица, кои имаат отворено трансакциска сметка кај обезбедувачот на платежната услуга, за кои има евидентирано неизвршено решение за присилна наплата.

Поврзани новости