Блокирана сметката на МПМ, СЈО заплени документација

by fokus 19:54
19:54

УЈП ја блокирала сметката на „Медиа принт Македонија“, а истражителскиот тим на Специјалното јавно обвинителство ги зедоа книгите поврзани со транскакциските сметки во компанијата, вели за 24 Анализа, првиот човек во МПМ, Срѓан Керим.

Специјалното јавно обвинителство во Медиа принт испратиле двајца финансиски истражители за да ги испитуваат докумените, дознава Телевизија 24. Според извори на телевизијата, тие во два наврати ги зеле потребните податоци од МПМ. Неофицијално, се испитуваат транскациите за партиското рекламирање во весниците.

Од обвинителството на Катица Јанева, не коментираат, повикувајќи се на предистражна постапка, но велат има соработка. Истражувањето на СЈО во МПМ кореспонира со штрајкот на новинарите од трите весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“. СЈО во Медиа принт влезе една недела пред штрајкот и дента кога се официјализираше. Новинарите веќе три недели штрајкуваат поради неисплатените плати, од синдикатот велат дека засега немаат нови одлуки.

Поврзани новости