Блинкен со остри критики кон Русија

by Fokus

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Букурешт остро ги осуди руските напади врз цивилите и електричната мрежа во Украина и најави продолжување на силната поддршка на НАТО за таа земја.

На крајот од дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Блинкен изјави пред новинарите дека рускиот претседател Владимир Путин „води војна против цивилите затоа што не успева воено да ја победи Украина“, оценувајќи го тоа како „варварски чин“.

– И тој го прави тоа обидувајќи се да ја уништи енергетската инфраструктура на Украина, да ги исклучи светлата, да го исклучи греењето и водата за да страдаат цивилите. Јасно ми е (по состанокот) дека (НАТО) поддршката за Украина останува силна и одлучна, потенцираше Блинкен.

Поврзани новости