САД има докази дека Русија планира агресија против Украина

by fokus 20:54
20:54

Многу сме загрижени поради доказите за плановите на Русија за значителна агресивна акција против Украина, планови кои вклучуваат напори за дестабилизација на Украина одвнатре, како и големи воени операции, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен на крајот од средбата на министрите за надворешни работи од НАТО во Рига.

Тој ја обвини Москва дека распоредила дополнителни десетици илјади војници во близина на границата.

- Advertisements -

– Не знаеме дали претседателот (Владимир) Путин донел одлука да изврши инвазија. Знаеме дека во тек е поставување на капацитетите за да може да го направи тоа брзо доколку донесе таква одлука, рече Блинкен.

Тој посочи дека дипломатијата е единствениот начин за решавање на оваа потенцијална криза во пресрет на утрешната средба со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Шведска.

Сепак, Блинкен предупреди дека секоја агресија од Москва ќе има „длабоки и трајни последици“.

– Јасно му кажавме на Кремљ дека ќе одговориме, особено со низа економски мерки со големо влијание, мерки кои досега се воздржувавме да ги усвоиме рече шефот на американската дипломатија.

Тој, исто така, потенцираше дека сојузниците во НАТО „ќе се погрижат Украина да има средства за да се брани“.

Алијансата ќе размисли што треба да направи во случај на нова руска агресија за зајакнување на сопствената одбрана како дел од зајакнувањето на силите на нејзиното источно крило.

Москва, која го анектираше Крим во 2014 година и е обвинета за поддршка на сепаратистите во источна Украина, остро негира дека подготвува напад и го обвинува НАТО дека ги подгрева тензиите.

Поврзани новости