Блинкен го спореди Додик со Путин

by Фокус

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека нападите на претседателот на Република Српска Милорад Додик врз основните права и слободи во Република Српска покажуваат дека тој е на, како што наведе, авторитарниот пат на рускиот претседател Владимир Путин.

„Стејт департментот, претставен од амбасадорот Мајкл Марфи, продолжува да се залага за демократска и просперитетна иднина за сите граѓани на Босна и Херцеговина“, објави Блинкен на Твитер.

Додик најпрвo најави, а потоа Владата на РС пред неколку дена донесе одлука да ги прекине сите односи со амбасадите на САД и Велика Британија во Босна и Херцеговина, бидејќи, како што оцени, работат против интересите на српскиот народ и се меша во внатрешните работи во Босна и Херцеговина.

Додик рече и дека Владата на РС не ги прекинала односите со САД, туку само со американската амбасада во Босна и Херцеговина, оценувајќи дека амбасадорот Мајк Марфи „не ја спроведува официјалната политика на САД“.

Поврзани новости