Бизнисмените до Владата: Прогресивното оданочување нема да донесе ништо добро

by fokus

Воведувањето на прогресивниот данок ќе донесе позитивни ефекти само за 28 проценти од  анкетираните компании. Останатите две третини сметаат дека прогресивниот данок што Владата планира да го воведе од следната година, ќе има негативни ефекти или пак не знаат како ќе се одрази врз нивната работа. Ова беа резултатите од анализата кои денеска Стопанските комори ги пренесоа до Владата.

Анализата што ја направија четирите комори покажува дека најголем проблем за компаниите е виското даночно оптоварување, но и честите измени на регулативата.

-Најголемиот проблем во времето на инспекциски надзор се уште е инсистирањето за изнаоѓање на нерегуларности  само за да се казни компанијата. Инспекторите не се доволно подготвени, изјави Милаим Амети од Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Поврзани новости