Бизарна несреќа во Долно Лисиче: Маж почина прегазен од камион што сам го управувал

by fokus

52-годишен маж почина во бизарна несреќа во Долно Лисиче, откако бил прегазен од камионот што претходно го управувал. Несреќата се случила вчера попладне околу 14.00 часот, на крстосница на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“, во скопското село Долно Лисиче.

„Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата. Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А.. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости