Бившиот на Северина не е изненаден од агресивното однесување – и се заканува условна казна

by fokus

Милан Поповиќ се огласи по драмата во која неговата поранешна партнерка Северина Вучковиќ на загрепскиот аеродром била дочекана од полицијата, по пријавата која против неа ја поднела сестра и Маријана Поповиќ.

Кралот на бакарот рекол дека се слушнал со Маријана после инцидентот, со која е во коректни односи и дека е згрозен од целата ситуација.

-Вакво агресивно однесување на Северина за мене не е новост, бидејќи во последно време се случува многу често и почна да се одразува на детето. Сметам дека институциите треба, наместо да заташкуваат како до сега и да и се додворуваат на Северина, да земат и уште еднаш да ги погледнат сите пријави и да ги проанализираат ситуациите каде е Северина пријавена, како и за занемерување на детето и за насилство во семејството и генерално насилство и од тоа да извлечат еден објективен став, рекол Милан.

Загрепската полиција во вторникот ја приведе на аеродромот Северина  заради семејно насилство по пријава на нејзината сестра. Адвокатот Драгослав Трниниќ за локалните медиуми изјави каква евентуална казна би можела да добие пејачката.

-Според информациите достапни во медиумите, недвосмислено се работи за семејно насилство кое според член 194 од Кривичниот законик на РС е кривично дело за кое во зависност од начинот на кој делото е сторено, се заканува казна затвор. Имено, според пишувањето на медиумите, станува збор за полесни повреди, но без разлика на тоа, доколку се нанесени со оружје, односно со опасен алат или средство кое може тешко да го повреди телото или сериозно да му наштети на здравјето, казната е 6 месеци до 5 години. Секако, постои можност и за условна казна, што е најреална опција во случај да се докаже вината – изјавил за Курир.рс адвокатот Драгослав Трниниќ.

Северина пак тврдеше дека таа била нападната и објави слики од своите повреди.

Поврзани новости