Битолската полиција продолжува да гони демонстранти

by fokus 13:33
13:33

Од почетокот на месецов до сега, 26-мина битолчани добија кривични пријави за учество на протестите на Шарената револуција, а полицијата продолжува да ги гони сите кои ги „уловила” како фрлаат со балони со боја.

Нова кривична пријава денеска полицијата поднесе и против 18-годишен скопјанец, кој учествувал на протестите на Шарената револуција во Битола.

- Advertising -

Од полицијата информираат дека е поднесена пријава бидејќи со боја ја оштетил фасадата на зградата на општина Битола, која е заштитена како споменик на културата.

Инаку, едно од двете главни барања на Шарената револуција е да престане прогонот на демонстранти, а до 18 јуни дадоа рок за да повлечат сите кривични пријави против нивните соборци.

Поврзани новости