Битолчанец пријавил дека му понудиле 1000 денари за гласот

by fokus

Во Секторот за внатрешни работи Битола 24-годишниот Г.А. вчера во 21.00 часот пријавил дека еден час претходно во неговиот дом во с. Мусинци Б.Р. од с. Могила му дал 1000 денари со намера да го придобие како да го врши избирачкото право, односно како да гласа за кандидат за градоначалник.

Од страна на полициски службеник лицата се повикани, извршен е разговор и од Г.А. со потврда е одземена една банкнота во апоен од 1000 денари. За настанот е информиран јавен обвинител.

Поврзани новости