Битолчанец изгубил контрола над моторот и удрил во куќа

by Fokus

Синоќа, околу 1 часот по полноќ се случила сообраќајна незгода, во која било повредено едно лице, пренесува МВР.

„На 29.04.2019 година околу 00.58 часот во с.Буково, битолско, С.Г.(32) од с.Буково, управувајќи мотоцикл „Јамаха ДТ-200 Р“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќата сопственост на Р.М. од с.Буково. Во незгодата, возачот С.Г. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола“, велат од МВР.

Поврзани новости