Битолчанец изгоре во пожар кој ја пеплосал неговата куќа

by fokus

Педесет и двегодишен маж од битолското село Логоварди изгорел во пожар кој избувнал во неговата куќа.

-На 10.06.2018 година во 05,40 часот во село Логоварди, битолско во куќа сопственост на Д.Г. (52) настанал пожар, при што за време на пожарот во куќата бил сопственикот кој го загубил животот. Од пожарот куќата целосно изгорела. Од екипи на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден, информираат од МВР.

Поврзани новости