Битиќи: Притисокот е голем, преземаме мерки

by Fokus

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи при гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна дека нови мерки за справување со кризата започнуваат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на буџетот во собранието.

Мерките се насочени, кон најранливите категории, притисокот е голем, преземаме мерки исто како во пандемијата, првите беа за сите, а потоа за најкритичните граѓани и компании, рече Битиќи, додавајќи дека и три програми за земјоделието преку интервентниот фонд не можат да поминат додека не се изгласа ребаланост.

Поврзани новости