Бислимовски: Поради финти на некои општини струјата може да поскапе за 10 отсто

by fokus

За да ги скусат своите трошоци за струја, формирале јавни претпријатија преку кои електричната енергија за уличното осветлување ја добиваат од ЕВН, по цена за домаќинствата, со што за четири месеци направиле трошок од 30 милиони евра кои РКЕ бара начин како да не го вкалкулира во новата цена која ќе треба да ја плаќаат граѓаните од први јули.

Поради манипулации на дел од општините во екот на енергетската криза за набавка на електрична енергија по повластена тарифа, може да се зголемат цената на струјата за граѓаните за десет отсто, предупреди денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

За да ги скусат своите трошоци за струја, формирале јавни претпријатија преку кои електричната енергија за уличното осветлување ја добиваат од ЕВН, по цена за домаќинствата.

Со тоа велат од РКЕ, за четири месеци направиле трошок од над 30 милиони евра кој сега регулаторот бара начин како да не го вкалкулира во новата цена која ќе треба да ја плаќаат граѓаните од први јули.

„Измислуваат разно разни финти за да се вратат назад на регулираниот пазар на електрична енергија и заради тоа, само за првите четири месеци имаме трошок од 30 милиони евра. Верувам дека ќе се објават кои се тие општини и граѓаните да знаат дека општините не се грижат за нив“, рече Бислимоски, одговарајќи на новинарско прашање по Тркалезната маса на тема „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Бислимоски нагласи дека тој трошок од 30 милиони евра значи 10 отсто зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните.

„Тој трошок Регулаторната комисија за енергетика сега ќе го префрли назад кај сите тие општини. Ниту на крај на памет не ми е повторно тој трошок да го преземе Регулаторната комисија за енергетика“, рече Бислимоски.

Во овие 10 отсто не се пресметани трошоците кои ги доставуваат до РКЕ енергетските компании и чинењето на електричната енергија од ЕСМ од што и најмногу зависи крајната цена за граѓаните.

Поврзани новости