Бислимовски: Погодените граѓани сметките за парно и струја ќе ги плаќаат на рати без камата

by Фокус

Претседателот на регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека граѓаните кои се погодени од корона кризата и земаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата.

-Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор – ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира – вели Бислимовски.

Тој дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти.

Поврзани новости