Бишевац: ВМРО-ДПМНЕ може да обезбеди сериозна бројка луѓе на протестот во среда

by fokus

Поранешниот пратеник од пратеничката група на СДСМ, кој на последните избори беше на листа на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац во вечершното гостување на Канал 5 рече дека ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија и може да обезбеди сериозна бројка на луѓе на протестот во среда.

-Апсолутно легитимен е протестот на ВМРО-ДПМНЕ за во среда, затоа што СДСМ се приклучи на Шарената револуција. Бројката на луѓе не е значајна, ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија може да си обезбедат една сериозна бројка на луѓе на протестите во среда. Тие барања на протестот за поскапување на струјата ВМРО-ДПМНЕ може да ги засили и да изврши притисок кон Владата која ја зголеми цената на струјата веднаш по изборите, крајно кукавички. Со ова поскапување треба да се обезбеди профитот на главниот произведувачот на електрична енергија ЕЛЕМ, рече Бишевац.

Поврзани новости